23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Баерн гостува на Емирати

ЛШ: Баерн гостува на Емирати

арсенал=баерн

Првиот дел од натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите ќе се одигра денес, а дербито ќе се игра во Лондон каде Арсенал ќе го пречека минхенски Баерн.

Дуелот на „Емирати“ е да се биде или не за Арсенал, со пораз четата на Арсен Венгер значително ќе ги намали шансите за пласман во осминафиналето, бидејќи по првите две кола забележа два пораза.

Баерн, од друга страна, во воведните две средби одигра онолку колку што му беше потребно, но и без тоа запиша две убедливи победи.

Исклучително значаен во оваа Ф група ќе биде дуелот меѓу Динамо и Олимпијакос, екипи кои беа поразени од Баерн, но славеа над Арсенал.

Третото коло е значајно и за Рома која во претходната рунда загуби во Белорусија. Римјаните гостуваат во Леверкузен, додека БАТЕ Борисов ќе ја пречека Барселона.

На другите натпревари Порто е изразит фаворит против Макаби, Челзи и покрај лошата форма сепак како благ фаворит ќе влезе во дуел со Динамо во Киев, домашниот терен треба да биде доволна предност за Валенсија против Гент, додека неизвесност се очекува на дуелот меѓу Зенит и Лион.

Група Е: БАТЕ Борисов-Барселона, Баер Леверкузен-Рома
Група Ф: Арсенал-Баерн Минхен, Динамо Загреб-Олимпијакос
Група Г: Динамо Киев-Челзи, Порто-Макаби
Група Х: Валенсија-Гент, Зенит-Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП