22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар ќе го продолжи договорот со Барселона

Нејмар ќе го продолжи договорот со Барселона

nejmarco 300

Напаѓачот на Барселона Нејмар на фановите на клубот им порачал дека ќе потпише нов договор со актуелниот европски првак.

Изминатиот преоден рок се шпекулираше дека Нејмар би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед, а тој самиот потврди дека имало разговори со англискиот клуб.

„Започнаа преговорите околу новиот договор. Имам уште неколку години од стариот договор, но ќе потпишам нов“, рекол Нејмар.

Бразилецот во Барселона пристигна во јуни 2013-та година и на 67 натпревари постигнал 46 голови. Нејмар во саботата, во победата на Барса над Рајо Ваљекано (5:2), постигна четири гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП