25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник во „Дербито на Италија“

Без победник во „Дербито на Италија“

дербито-италија

Интер и Јувентус одиграа без голови во „Дербито на Италија“, во осмото коло во Серија А.

На „Џузепе Меаца“, Стеван Јоветиќ беше расположен за игра, но Јувентус беше тимот кој ја диктираше играта, особено во второто полувреме.

Двата тима понудија динамичен меч со брзо темпо, но со само две вистински можности за постигнување на гол. Брозовиќ за Интер и Кедира за Јувентус ја погодија рамката од голот.

Интер може да биде позадоволен со освоениот бод бидејќи се наоѓа на само бод од лидерот Фиорентина, додека Јувентус има освоено само девет бодови.

Интер во наредната рунда ќе гостува во Палермо, додека Јувентус ќе ја пречка Аталанта.

Серија А, осмо коло:

Аталанта-Карпи 3:0

Интер-Јувентус 0:0

Фрозиноне-Сампдорија 2:0

Џенова-Киево 3:2

Наполи-Фиорентина 2:1

Сасуоло-Лацио 2:1

Верона-Удинезе 1:1

Болоња-Палермо 0:1

Торино-Милан 1:1

Рома-Емполи 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП