18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите на Франција ја покорија Европа

Одбојкарите на Франција ја покорија Европа

одбојкари-франција

Одбојкарската репрезентација на Франција е нов европски првак, откако триумфираше над Словенија со 3:0 (25:19, 29:27, 29:27), во финалето кое се одигра во Софија.

Французите до своето прво европско злато стигнаа со максимални шест победи, покрај триумфот над Словенија тие ги совладаа домаќините на првенството Бугарија и Италија, односно Србија, Естонија и Хрватска.

Франција на овој начин ја комплетира најуспешната година во својата одбојкарска историја, откако претходно во Рио де Жанеиро триумфираа и на завршиниот турнир на Светската лига.

Новиот европски првак до победата го предводеа Розие со 21 и Нгапет со 15 поени, додека кај Словенците кои го освоија првиот медал на ЕП-а по 14 поени освоија Урнаут и Гаспарини.

За бронзата се бореа кодомаќините на ЕП Италија и Бугарија, а победија Италијанците со 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП