18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: МЗТ победи во Никшиќ

АБА лига: МЗТ победи во Никшиќ

mzt-niksik

Кошаркарите на МЗТ ја забележаа првата гостинска победа во новата сезона во АБА лигата, откако во Никшиќ славеа над Сутјеска со 77:68.

МЗТ по шест кола има три победи и исто толку порази и се искачи на петата позиција на табелата.

МЗТ, против дебитантот во лигата, го контролираше ритамот на играта од самиот почеток, на полувреме имаше седум поени предност. Домаќинот на три минути до крајот успеа да стигна до негатива од три поени (67:64), но Луковиќ веднаш потоа одговори со 2+1, а потоа Љубичиќ и Стојановски ставика точка на победата на МЗТ.

Мијатовиќ со 18 поени беше најефикасен кај ‘металците’, додека најдобар играч на теренот беше Дамјан Стојановски со 15 поени и осум скокови.

Резултати, 6.коло:

Сутјеска-МЗТ 68:77

Црвена ѕвезда-Олимпија 73:77

Будуќност-Цедевита 76:66

Крка-Металац 70:75

Цибона-Партизан 63:57

Задар-Тајфун 73:67

Мега Лекс-Игокеа (понеделник).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП