13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе оди без Штербик, Вардар загуби од Копенхаген

Не оди без Штербик, Вардар загуби од Копенхаген

hc vardar 0203

Колдинг Копенхаген славеше над Вардар со 33:31 (17:15) во петтото коло од Б групата во Лигата на шампионите. Данскиот тим ја запиша првата победа оваа сезона во ЛШ, додека за Вардар ова беше прв пораз во елитното натпреварување.

Отсуството на голманот Арпад Штербик се покажа како голем хендикеп за ‘црвено црните’ во Копенхаген, бидејќи бековите на Колдинг лесно ги пробиваа Ангелов и Милиќ. Колку немоќно делуваа вардаровите голамни на овој меч говори и податокот дека првата интервенција ја забележаа во 35.минута од натпреварот (Ангелов).

Вардар од самиот почеток ја прифати бразата игра која ја диктираше домашниот тим и до 23 минута без проблеми ја одржуваше предноста од два гола. Во последните седум минути од првиот дел Колдинг направи серија д 5:1, која му овозможи во вториот дел да влезе со плус од два гола (17:15).

Во вториот дел Колдинг лесно ја одржуваше предноста, на 15 минути до крајот имаше четири голови повеќе од противникот, пто се испостави како клуч за конечниот победник.

Андерсон со десет, односно Бо Спелербег со шест голови беа најефикасни кај Колдинг, додека Вардар го предводеше Дибиров со седум голови.

Екипата на Вардар и покрај поразот го задржа првото место во групата со осм бодови, еден повеќе од Барселона и Рајн Некар. Во наредното коло Вардар на 24.октомври ќе го пречека полскиот првак Киелце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП