3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург подари победа во Романија

Металург подари победа во Романија

metalurg

Ракометарите на Металург забележаа уште еден минимален пораз на гостински терен во Лигата на шампионите. Ако во претходното коло Металург несреќно загуби кај Скјерн, во петтото коло македонскиот тим со своите грешки буквално му ја подари победата (21:20) на домаќинот Баја Маре.

Основата во играта на Металург, одбраната, и на овој меч функционираше добро, противникот во позиционен напад ретко добиваше можност за чисти удари кон голот на одличниот Даниел Дупјачанец (голманот на Металург имаше 12 интервенции, вклучувајќи и три седмерци).

Она што не функционираше во играта на Металург беше нападот, поради што и тимот на Червар го загуби мечот. Со исклучок на Божовиќ сите останати тешко доаѓаа во позиција за шут, а во безброј ситуации кога Металург имаше можност да израмни со технички грешки едноставно му ја подаруваше топката на противникот.

Така заврши и последниот напад, кога Металург на 37-ма секунди до крајот тргна по израмнување, наместо мирно да го организираат нападот Мраковчиќ направи почетничка грешка.

Божовиќ со осум и Кузмановски со четири гола го предводеа Металург, додека Унгарецот Иванчик со шест гола беше најефикасен во редовите на Баја Маре.

Металург, во наредното коло, на 25.октомври ќе го пречека тимот на Баја Маре во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП