19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ преку Цонга до титулата во Шангај

Ѓоковиќ преку Цонга до титулата во Шангај

nov

Новак Ѓоковиќ ја освои 25-та титула на турнирите од Мастер серија 1000, откако во финалето во Шангај славеше над Жо-Вилфред Цонга со 6:2, 6:4. Ѓоковиќ стана првиот играч кој во две сезони успеал да освои пет Мастерс титули, откако истото му успеа и во 2011 година.

Српскиот тенисер на вечната листа се наоѓа на второто место, зад Рафа Надал кој во кариерата триумфирал на 27 турнири од Мастерс 1000 серијата. Ѓоковиќ во Шангај стана првиот тенисер кој играл во седум Мастерс финалиња, а во Париз ќе има можност да стане првиот кој освоил шест Мастерс титули во една година.

Финалето во Шангај во целост му припадна на првиот светски рекет, кој доминираше во првиот сет, три пати успеа да му го одземе сервисот на противникот, додека во вториот сет добриот сервис го држеше Цонга во мечот. Сепак Ѓоковиќ успеа да направи брејк во деветтиот гем, а потоа во десеттиот на свој сервис го освои мечот.

Ѓоковиќ во Шангај ја освои деветтата титула оваа сезона, која е 57-ма во неговата кариера. До титулата тој стигна на импресивен начин бидејќи само во два сета, на целиот турнир, загуби повеќе од три гема, во четвртфиналето од Томиќ и во финалето од Цонга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП