5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоскиќ ја игра последната сезона во Вардар

Тоскиќ ја игра последната сезона во Вардар

alem

Искусниот ракометар на Вардар, Алем Тоскиќ, најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти ‘црвено – црниот’ табор и ќе се врати во Словенија.

33-годишниот пивот, кој на стартот на оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Вардар, ги договорил деталите за преселбата во тимот на Горење Велење.

„Имав две опции, да останам во Вардар или да се вратам во Словенија каде што живее моето семејство. Се одлучив за ова второто, ги препознав амбициите на Горење, имав можност да разговарам со раководството и да се запознаам со нивните планови. Јас успеав да се најдам во целата таа приказна“, изјавил Тоскиќ за официјалната страница на Горење Велење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП