19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ и Цонга во финалето во Шангај

Ѓоковиќ и Цонга во финалето во Шангај

no

Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Шангај. Во полуфиналните мечеви Ѓоковиќ славеше над Енди Мари, а Цонга над Рафаел Надал.

Ѓоковиќ за 67 минути игра славеше над Мари со 6:1, 6:3. Српскиот тенисер се пласираше во своето 13-то последователно финале, со што само потврди дека во моментов нема вистинска конкуренција.

Финалето во Шангај воедно е 83-то за Ѓоковиќ во неговата кариера, до него стигна со 17 директни поени и само седум неизнудени грешки, додека Мари имаше девет директни поени и дури 30 неизнудени грешки.

Цонга во три сета славеше над Надал со 6:4, 0:6, 7:5 и благодарение на пласманот во финалето повторно ќе се врати меѓу најдобрите десет на АТП листата.

Ова беше 12-от дуел на овие двајца, а Цонга ја забележа четвртата победа во кариерата.

Цонга мечот го заврши со 40 винери и исто толку неизнудени грешки, додека Надал имаше 22 винери и 17 неизнудени грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП