1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомплетирано првото коло во Евролигата

Комплетирано првото коло во Евролигата

Fenerbahce vs Bayern Munich

Првото коло во кошаркарската Евролига најавува интересна сезона во елитното натпреварување. Актуелниот шампион Реал и Барселона на стартот запишаа порази, Фенербахче со многу мака славеше над Баерн, а Перо Антиќ заврши со седум поени и шест скока.

Центарот на Олимпијакос Патрик Јанг е МВП на првото коло во Евролигата, тој во победата на неговиот тим над Цедевита 76:61 партиципираше со 16 поени, шест скока, по две асистенции и украдени топки и четири блокади и индекс на успешност 26.

Инаку Фенербахче славеше над Баерн со 74:67 иако германскиот тим повеќе од 30 минути беше во водство, на моменти и со 15 поени разлика. Перо Антиќ мечот го заврши со седум поени (2/2 слободни, 1/1 за два, 1/5 за три) шест скока, една асистенција и две загубени топки.

Уникаха чиј дрес го носи натурализираниот Македонец Ричард Хендрикс го совлада Бросе Баскет со 76:71. Хендрикс мечот го заврши со 10 поени (0/2 слободни, 5/6 за два), пет скока, три асистенции и по една украдена и загубена топка.

Група А:

Химки – Реал 84:70

Фенербахче – Баерн 74:67

Црвена ѕвезда – Стразбур 81:59

Група Б:

Лимож – Анадолу Ефес 77:89

Емпорио Армани – Лаборал Куча 78:76

Олимпијакос – Цедевита 76:61

Група Ц:

Локомотив – Панатинаикос 81:70

Каршијака – Барселона 71:62

Зелена Гора – Жалгирис 62:66

Група Д:

ЦСКА Москва – Макаби 100:69

Дарушафака – Динамо Сасари 83:74

Уникаха – Бросе Баскет 76:71.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП