10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкандал на повидок: Германија ја купила организацијата на СП 2006

Скандал на повидок: Германија ја купила организацијата на СП 2006

skandal germanija 002

Голем скандал како „бомба“ би можел одекне во светскиот фудбал, доколку се потврди дека Германија ја купила организацијата на Светското првенство во 2006-та година.

Како што пишува весникот Spiegel, ова би можело да биде најголемиот скандал во германскиот фудбал уште од местењето на натпревари во Бундеслигата, во 70-те години од минатиот век.

Весникот тврди дека Германија со поткуп дошла до организацијата на Мундијалот. Сé започнало кога наводно Роберт Луис-Драјфус (кој починал во 2009-та година), во тоа време прв човек на „Adidas“, им позајмил пари на челниците на Германската федерација за да ја добијат организацијата на СП.

Ова и не би било чудно, доколку сé не било направено на 6-ти јули 2000-та година, многу пред да биде донесена одлуката кој ќе биде домаќин на Мундијалот во 2006-та година.

Проблемот станал кога на 18 месеци пред почетокот на СП, Луис-Драјфус побарал да му биде вратена сумата од 6,7 милиони евра. Челниците на организациониот комитет беа легендарниот Франц Бекенбауер (претседател) и Волфган Нисбах, кој е актуелен претседател на Германската федерација.

Во прикривањето на целиот случај наводно учествувала и ФИФА. Германците споменатата сума ја уплатиле на сметката на ФИФА во Женева, со образложение дека тие пари ќе бидат искористени за церемонијата на свеченото отворање. Spiegel пишува дека ФИФА тие пари веднаш му ги префрлила на Луис-Драјфус.

Епилогот е дека Германија парите ги употребила за да обезбеди четири гласови на азиските претставници во Извршниот комитет на ФИФА, кој брои 24 членови. Азиските претставници гласале исто како и европските, единствено Чарлс Демпси се откажал од гласањето и Германија со 12:11 ја доби организацијата на Мундијалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП