14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглиската федерација ја „замрзна“ поддршката за Платини

Англиската федерација ја „замрзна“ поддршката за Платини

fa oo

Англиската фудбалска асоцијација (FA) ја повлече поддршката за кандидатурата на Мишел Платини за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Како што се наведува во соопштението од FA, Управниот одбор по состанокот во петокот решил да ја суспендира поддршката за кандидатурата сé додека трае правната постапка против него.

Платини и првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, минатата недела добија 90-дневна суспензија, сé додека трае истрагата на швајцарските власти, по обвиненијата за корупција.

Се истражува легалноста на исплатата на Платини од страна на ФИФА во износ од два милиона швајцарски франци, за консултантска работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП