24 јуни, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6s и 6s Plus во понудата на Вип и на ОНЕ

iPhone 6s и 6s Plus во понудата на Вип и на ОНЕ

dostapen za vas32

iPhone 6s и iPhone 6s plus веќе од денес се достапни во продажните салони на Вип и на ОНЕ во Скопје, во верзии од 16 GB и 64 GB и во различни бои.

Новите iPhone 6s и iPhone 6 Plus изгледаат речиси идентично како и нивните претходници од надворешната страна, но однатре станува збор за сосема нови уреди со иновации на секое ниво.

Најголема и најзначајна промена е А9 чипот кој има до 90% подобри графички перорманси споредено со претходните модели и 3Д екран на допир кој може да ја препознае силата на допирот за да овозможи нови функции. Значајни предности се постигнати и со новата камера со 12MP, со која може да се снимаат 4К видео записи.

iPhone 6s со 16GB е достапен во Вип No limit тарифниот план за 23.999 денари или 24 месечни рати од 999 денари, додека iPhone 6s Plus 16 GB е достапен во истата тарифа за еднократен надоместок од 29.999 денари или 24 месечни рати од 1.249 денари. Оваа понуда е достапна во тарифното портфолио на Вип во продажните места на Вип.

Во продажните места на брендот ОНЕ, iPhone 6s со 16GB е достапен во ОНЕ Total XXL тарифниот план за 27.999 денари, додека iPhone 6s Plus 16 GB е достапен во истата тарифа за еднократен надоместок од 33.999 денари.

Телото на телефонот е направено од алуминиумска легура од серијата 7000, која се користи во авио-индустријата. Екранот е заштитен со најсилното и најдолготрајното стакло кое некогаш е користено за паметен телефон.

Новите карактеристики на екранот овозможуваат нови можности за навигација. Уредот сега може да ја препознае силата на допирот на екранот, а многу други опции се поедноставени и подостапни.

Новиот А9 процесор има инфраструктура од 64-bit, со што се подобруваат перформансите за 70%, а графичкиот процесор се подобрува за 90%, што го прави овој уред способен да ги поддржи и апликациите и игрите со најголеми барања.

iOS 9 е најнова верзија на iOS оперативниот систем, познат по својата интелигенција, безбедност и брзина, што го прави еден од најпосакуваните оперативни системи во светот.

iPhone 6s е достапен во сребрена, златна, вселенски сива и розе-златна варијанта. iPhone 6s има 4.7 инчен дисплеј, додека iPhone 6s Plus доаѓа со 5.5 инчи Retina HD дисплеј со 3D екран на допир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар