4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул: Ова е вистински момент за заминување

Раул: Ова е вистински момент за заминување

balanko raul

Легендата на Реал Мадрид Раул Гонзалес Бланко, во ноември, ќе стави крај на фудбалската кариера. Еден од најдобрите играчи во историјата на шпанскиот фудбал, во пензија ќе замине како играч на Космос од Њујорк.

„Не е лесно да се донесе ваква одлука, но мислам дека сега е вистинското време да кажам збогум“, рекол Раул.

Во кариерата Раул бил играч на Реал, Шалке, Ал Сад и Космос. По завршувањето на кариерата тој би можел да остане да работи во Космос, во локалната фудбалска академија.

Најголемите успеси во кариерата Раул ги оствари во Реал, со ’кралскиот клуб’ за 16 години освои три титули европски првак. и шест во првенството на Шпанија.

До пред десет дена Раул беше најдобриот стрелец во историјата на Реал со 323 постигнати голови, сега на првото место е Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП