17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван го објави списокот за турнирот во Умаг

Обрван го објави списокот за турнирот во Умаг

rakometari tte

Најдобрите македонски ракометари, во рамките на неделата на ЕХФ, ќе настапи на турнирот во Умаг, Хрватска. Турнирот кој ќе се одржува во периодот од 6-ти до 8-ми ноември, ќе биде првата подготвителна станица за македонските ракометари во пресрет на Европското првенство во 2016-та година.

На турнирот во Умаг, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе учествува и репрезентацијата на Црна Гора. Македонија на 6-ти ноември ќе игра против Хрватска, а ден подоцна против Црна Гора.

Селекторот на Македонија, Ивица Обрван, за настап на овој турнир повика 18 ракометари, а првиот собир го закажа за 2-ти ноември.

Списокот на Обрван за турнирот во Умаг:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Никола Костески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Бекови: Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Ацо Јоноски, Филип Лазаров, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Милорад Куковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП