2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ ја напушти македонската репрезентација

Друловиќ ја напушти македонската репрезентација

drulovic selektor

Љубинко Друловиќ ја напушта фудбалската репрезентација на Македонија и во иднина ќе биде тренер на белградски Партизан, тврди весникот Политика, повикувајќи се на клупски извори.

Инаку, Управниот одбор на фудбалскиот клуб Партизан на вонредната седница во четвртокот ја прифатил оставката на Зоран Милинковиќ, под чие водство тимот бележеше лоши резултати во првенството на Србија.

Политика тврди дека Управниот одбор едногласно одлучил Друловиќ да биде нов тренер на Партизан.

Друловиќ е поранешен селектор на репрезентацијата на Србија до 19 години со која во 2013-та година стана европски шампион.

Српскиот стратег за селектор на Македонија беше именуван на 23-ти април годинава кога со ФФМ потпиша две ипол годишен договор. Друловиќ ја предводеше Македонија на пет квалификациски натпревари, забележа четири порази (Словачка, Луксембург, Шпанија, Украина) и еднаш одигра нерешено (Белорусија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП