3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСантос бара шестмесечна суспензија на Нејмар и 55 милиони евра отштета

Сантос бара шестмесечна суспензија на Нејмар и 55 милиони евра отштета

nejmar 2

Поранешниот клуб на Нејмар, Сантос има поднесено барање до ФИФА напаѓачот на Барселона да биде суспендиран во следните шест месеци.

Бразилскиот клуб тврди дека напаѓачот не ја исполнил обврската од договорот за преминување во каталонскиот гигант, па на тој начин го прекршил член 62 од дисциплинскиот правилник на ФИФА.

Нејмар веднаш го отфрли ова тврдење и дека настојувал дека се разделил со Сантос со взаемен договор.

Од клубот претендираат и 55 милиони евра како надомест. Светската фудбалска федерација се уште нема официјално соопштение за овој случај.

Минатиот месец бразилски суд го заплени имотот на Нејмар во вредност 188.8 милиони реали (42 милиони евра). Според информациите 23-годишниот репрезентативец е обвинет за даночно затајување. Нејмар мора да плати 14 милиони евра поврзани со трансферот во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП