2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФАРЕ Акциона недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот

ФАРЕ Акциона недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот

fare 00

Македонскиот центар за култура и развој и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), заедно, по 15-ти пат ја организираат ФАРЕ Акционата недела за борба против национализмот и расизмот во фудбалот.

На прес-конференцијата што се одржа денес во ФФМ, учествуваа и претставници на повеќе организации и фудбалски клубови кои оваа година имаат свои активности во рамките на ФАРЕ Акционата недела.

„Фудбалската федерација на Македонија задолжена за организација на фудбалската игра во нашата земја дава целосна поддршка на сите активности поврзани со фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на фудбалските терени. Во рамките на членството во УЕФА ние како федерација сме обврзани да се грижиме за развојот на играта и за надминување на сите видови на нарушувања. ФФМ актинво учествува во програмата на УЕФА против расизмот и дискриминацијата во фудбалот, а го истануваме и задоволството од соработката со Македонскиот центар за култура и развој како национален ФАРЕ Координатор“, рече генералниот секретар на ФФМ, Г-дин Филип Поповски.

МЦКР како национален ФАРЕ координатор веќе 15 години ја организира ФАРЕ Акционата недела во соработка со ФФМ.

„Традиционално, на сите натпревари во првата и втората фудбалска лига ќе бида изнесени транспаренти и ќе бидат покажани црвени картони со натпис „Национализмот и расизмот надвор од фудбалот“. ФАРЕ е демократска организација која функцинира на европско ниво и во која учествуваат повеќе од 400 организации и фан групи од нашиот континент“, рече Нелко Нелковски од ФАРЕ центарот.

Во рамките на прес-конференцијата, претставување на своите активности во ФАРЕ акционата недела имаа и претставници на фудбалските клубови Напредок од Шуто Оризари и Даме Груев од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП