29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенија славеше над светскиот, Италија над европскиот шампион

Словенија славеше над светскиот, Италија над европскиот шампион

odbojka slovenija 33

Машките репрезентации на Франција, Италија, Словенија и Бугарија изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство во одбојка, чии домаќини се Италија и Бугарија.

Најголемото изнедување во четвртфиналето го направија Словенците кои славеа над светскиот првак Полска со 3:2 (25:17, 25:19, 23:25, 19:25, 16:14).

Италија во полуфиналето ќе игра против Словенија откако забележаа победа над бранителот на европската титула Русија со 3:0 (25:20, 25:19, 25:19).

Во реприза на финалето во Светската лига Франција ја победи Србија со 3:1 (25:22, 25:23, 14:25, 25:20), а Бугарите славеа над Германија со максимален резултат 3:0 (25:19, 25:23, 25:23).

Завршницата на Европското првенство ќе се игра во Софија, во сабота се полуфиналните мечеви Словенија-Франција (16.30 ч) и Бугарија-Франција (19.45 ч). Во истите термини в недела ќе се одигра мечот за третото место и големото финале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП