18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСо нов спонзор стартуваше сезоната во БИБЛ

Со нов спонзор стартуваше сезоната во БИБЛ

bibl-liga-bibl-liga

Натпреварот помеѓу косовските екипи Башкими и Пеја го означи почетокот на сезоната 2015/2016 во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ). Премиерниот меч заврши со победа на дебитантот Башкими од Призрен со 82:73. Македонија оваа сезона во БИБЛ ќе ја преставува екипата на Кожув од Гевгелија.

Сезоната која штотуку започна е осма во БИБЛ конкуренцијата, во која лигата влегува со нов спонзор Сигал-УНИКА, откако БИБЛ и оваа компанија која е дел од австриската UNIQA Insurance Group договорија тригодишна соработка.

„Сметаме дека Балканската лига е сериозна организација, изминатите седум сезони докажавме дека имаме добра организација, добри натпревари и она што е најважно имаме вистинска кошарка. Се договоривме со Авни Понари оваа лига да го носи името Сигал-УНИКА Балканска лига. Ова за нас е голема одговорност бидејќи ќе треба да докажеме дека го заслужуваме ова име. Се обврзуваме на нашите кошаркарски обожаватели дека ќе им понудиме добра кошарка. Исто така се надевам дека наредната година ќе има два или три тима од Македонија во лигата “, рече на прес конференцијата спортскиот директор на БИБЛ, Шај Штрикс.

„Кошарката е спорт кој води кон развој на социјални вештини, почит, зајакнување, интегритет вредности кои ги поседува Сигал-УНИКА. Нашата цел е да им ја доближиме кошарката на младите, со тоа ќе ги научиме на поздрав живот. Поради тоа сме навистина горди што ја најавуваме нашата тригодишна соработка со БИБЛ“, рече главниот извршен директор на Сигал-УНИКА и претседател на Кошаркарската федерација на Албанија, Авни Понари.

Оваа сезона во БИБЛ ќе се натпреваруваат девет екипи, три од Црна Гора (Ловќен, Морнар, Теодо), една екипа од Македонија (Кожув), три од Косово (Башкими, Пеја, Сигал Приштина) и два тима од Бугарија (Берое, Левски). Според распоредот на програмата ќе бидат 65 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП