10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ862 милиони долари е максималната глоба која може да ја добие Apple

862 милиони долари е максималната глоба која може да ја добие Apple

kazna apple 33

Apple загуби дело, кое може да ја чини 862 милиони долари, објави „Reuters“. Компанијата од Купертино не успеа да ја убеди комисијата дека не ги прекршила патентите на Универзитот во Висконсин – Медисон.

Таа беше обвинета дека користела во чиповите технологии кои се во сопственост на универзитетот. Од „Apple“ тврдеа дека патентот не е валиден. Според комисијата сепак е целосно валиден и нарушен. Тој ја подобрува ефикасноста на процесорот и е регистриран во 1998-та година, а самото дело е од 2014-та година.

Според комисијата патентот е нарушен од процесорите „A7“, „A8“, „A8X“ кои се користат во „iPhone 5s“, „iPhone 6“ и „6 Plus“, како и неколку верзии на таблетот „iPad“. Следната фаза на судскиот процес е одредувањето на точната големина на санкцијата која ќе треба да ја плати „Apple“. Нејзината максимална големина може да достигне 862 милиони долари. Ова ќе зависи од проценката на комисијата дали компанијата свесно го направила прекршокот.

Во 2008-ма година универзитетот, преку својата фондација, го суди и „Intel“ за истиот патент. Тогаш двете страни се договорија вонсудско токму пред почетокот на процесот. „Apple“ одлучи да се бори и дури побара од патентниот завод да ги преиспитаат патентите и да се прогласат за невалидни. Бирото сепак одби да го стори тоа.

Минатиот месец универзитетот започна втора тужба против „Apple“. Во неа се обвинети и за процесорите во новите „iPhone 6S“, „6S Plus“ и „iPad Pro“ за истиот прекршок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП