18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов кикс на Аргентина

Нов кикс на Аргентина

argi

Четири натпревари се одиграа во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство. Во ноќта помеѓу вторникот и средата во главните улоги беа репрезентативците на Бразил и Аргентина. Бразил ја забележа првата победа во квалификациите, додека Аргентина и во вториот меч остана без триумф.

Светскиот вицепрвак, по поразот од Еквадор не успеа да слави во Парагвај, каде одиграа 0:0. Аргентинците без повредените Лионел Меси и Серхио Агуеро не можеа да ја пробијат одбраната на Парагвај.

Аргентина по два натпревари има само еден бод. Во наредното коло избраниците на Тата Мартино ќе го пречекаат вечниот ривал Бразил.

Бразилците предводени од играчот на Челзи, Вилијан, на стадионот во Форталез запишаа победа од 3:1 против Венецуела.

Вилијан ги постигна првите два гола во првата и 49-та минута, потоа Сантос намали на 2:1, а победата на Бразил ја завери Рикардо Оливеира во 74-та минута.

Уругвај лесно се справи со Колумбија и со головите на Годин, Ролан и Ернандес славеше со 3:0. Крилниот напаѓач на Колумбија, Квадрадо во финишот на мечот доби црвен картон.

Фантастичан меч, со седум постигнати голови, одиграа Перу и Чиле. Чилеанците славеа со 4:3

По два гола за Чиле постигнаа Алексис Санчез и Едуардо Варгас, додека двоен стрелец за Перу беше Џеферсон Фарфан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП