4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоринтијанс бара 25 милиони евра за Пато

Коринтијанс бара 25 милиони евра за Пато

pato 98

Бразилскиот фудбалски клуб Коринтијанс ја зголеми цената за напаѓачот Алесандре Пато и таа сега изнесува 25 милиони евра.

Поранешниот играч на Милан пред две години се врати во татковината за сума од 15 милиони евра, а со игрите кои ги прикажува во Бразил повторно го привлече вниманието на европските клубови.

Пато блеска во дресот на Коринтијанс на 42 натпревари има постигнато 21 гол.

Иако Коринтијанс се наоѓа во финансиски проблеми и се шпекулираше дека Пато ќе може да замине од клубот за 10 милиони евра, спортскиот директор на клубот Едуардо Фереира ја зголеми цената.

„Во овој момент постои само интерес за Пато без конкретна понуда. Доколку стигне понуда таа не смее да биде помала од 25 милиони евра за тој да доби дозвола да си замине“, рече Фереира.

Доколку се случи трансферот, 40 отсто од парите ќе му припаднат на Пато кој поседува толкав процент од економските права врз себе.

Во летниот преоден рок се шпекулираше дека за Пато е заинтересиран Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП