9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаучниците развија ‘тач скрин’ без допир

Научниците развија ‘тач скрин’ без допир

handheld-screens

Германските научници развиле прототип на „тач скирн“ со кој може да се управува без директен допир со прстот.

Бесконтактниот екран кој го развиле научниците од институтот „Макс Планк“ во универзитетот во Минхен е состои од ултра тенки слоеви фосфатно-антимонска киселина, која на собна температура има кристална цврстина, и од наночестички од силициумов диоксид и титаниумов диоксид.

Кога човечки прст ќе се приближи на неколку милиметри од екранот, влажноста од водените молекули во кожните пори се претвора во електричен сигнал со помош на ткн фотонски кристали.

Екраните на мобилните телефони, лаптопите и таблетите на овој начин повеќе нема да бидат замачкани, а научниците додаваат и дека бесконтакниот екран ќе има важен хигиенски ефект, особено кога станува збор за користењето на дигиталните услуги на јавни места, како на пример на банкомат или автомат за купување билети.

Засега нема најава кога бесконтактниот екран ќе биде подготвен за сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП