29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTag Heuer со помош на Google и Intel го подготви својот паметен...

Tag Heuer со помош на Google и Intel го подготви својот паметен часовник

tag heuer smart211

„Tag Heuer“ речиси го подготви својот паметен часовник. Уредот ќе биде претставен на 9-ти ноември годинава, а од компанијата ја покажа првата фотографија на „Twitter“.

Според зборовите од компанијата, часовникот е развиен во соработка со „Google“ и „Intel“. Трите компании работат на проектот од почетокот на годината. Секоја од нив се концентрирала во својата најдобра сфера – „Google“ во платформата „Android Wear“, „Tag Heuer“ во дизајнот, а „Intel“ во чиповите. Очекувано компаниите се доста возбудени од работата и сметаат дека имаат постигнато голем напредок во сегментот.

Цената на „Tag Heuer Connected“ ќе е околу 1.800 долари, што го става во прилично висока ценовна класа. Компанијата навестува дека тој ќе може да се надоградува, но не кажува што точно ќе може да се менува.

Засега тие ги задржуваат во тајност повеќето детали околу уредот. Се очекува дека часовникот ќе ја користи платформата „Quark“ на „Intel“, која може да се прилагоди според димензиите и дизајнот на овој паметен уред. Партнерството со „Google“ буди повеќе прашања, како на пример дали станува збор само за помош при измената на „Android Wear“, или компанијата предвидува да го направи часовникот предводник на целосно нова верзија на платформата, слично на уредите „Nexus“.

tag heuer smart222

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП