6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕуро 2016: Мирно во Групата Ф - Англија и Швајцарија го потврдија...

Еуро 2016: Мирно во Групата Ф – Англија и Швајцарија го потврдија пласманот

grupa-f

Во Групата Ф од квалификациите за Европското фудбалско првенство во Франција во 2016 година, практично сé беше решено и пред одигрувањето на последното коло, Англија одамна беше победник во групата а како второпласирана се квалификуваше Швајцарија.

Англија квалификациите ги заврши со гостинската победа кај Литванија од 3-0, со што стана само шестата репрезентација која квалификациите ги минала со 100-процентен ефект. Головите ги постигнаа Рос Барклеи во 29, Хери Кејн во 35 и Алекс Оксленд-Чемберлејн во 62 минута.

Швајцарија, исто така, забележа гостинска победа кај Естонија, извојувана со автоголот на Клаван во четвртата минута од судиското продолжение. И Словенија рутински го одработи гостувањето кај Сан Марино, победувајќи со 2-0, со головите на Цесар во 54 и Печник во 75 минута.

Англија го освои првото место со 30 бодови, Швајцарија е на второто со 21, Словенија е трета со 16, а Естонија и Литванија собраа по 10 бодови, додека Сан Марино освои 1 бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП