4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ со бодот во Борисов, Македонија последна во квалификациите за Еуро 2016

И со бодот во Борисов, Македонија последна во квалификациите за Еуро 2016

македонија-еуро

И покрај нерешениот резултат (0-0) во последното коло на гостувањето кај Белорусија, македонската фудбалска репрезентација го оствари најслабиот пласман во квалификации за големо натпреварување освојувајќи го последното 6-то место во Групата Ц за Европското првенство во Франција во 2016 година, од којашто очекувано директно се квалификуваа Шпанија и Словачка, додека Украина ќе оди во доигрувањето.

Во Борисов, во речиси зимски услови, Македонија одигра без голови иако во второто полувреме беше подобар противник и припушти три солидни шанси, со еден удар во стативата, против комбинираниот состав на Белорусија да го поправи од малку катастрофалниот впечаток од овој квалификациски циклус, зачинет и со поразот од аутсајдерот Луксембург. Така ги заврши квалификациите со само 4 бодови, колку што има и Луксембург и со само шест постигнати голови на десетте натпревари.

Словачка пак го потврди своето учество на Европското првенство со гостинската победа против Луксембург 4-2, откако го доведе во прашање водството од 3-0. Словаците ги отворија квалификациите со шест последователни победи, а потоа во следните три кола освоија само еден бод без постигнат гол, а по поразот на домашен терен од Белорусија во претпоследното коло ќе го испуштеа од раце директниот пласман. Против Луксембург головите за Словачка ги постигнаа Марек Хамшик во 24 и 90+1 минута, Адам Немец (29) и Роберт Мак во 1, минута, додека за домашните убедливото водство на гостите го намалија Марио Мутш во 61 и Ларс Герсон во 65-та од пенал.

Украина и Шпанија одиграа убав натпревар во кој во главните улоги беа голманите. Украинците имаа 22 шута во голот на гостите, од кои пет беа одлични шанси, но Давид де Хеа ги потврди своите квалитети и ги спречи надежите на домашните кои очекуваа можен кикс на Словачка кај Луксембург за директен пласман на Еуро 2016. На другиот гол беше, исто така, одличен Андриј Пјатов, кој му одбрани пенал на Сеск Фабрегас во 25-та минута, и запре уште неколку тешки удари на Шпанците, но сепак еднаш се затресе неговата мрежа. Победникот го реши голот на дебитантот во „црвената фурија“ Марио Гаспар во 22 минута. Украинците со победа можеа да дојдат и до позицијата најдобра третопласирана селекција што исто така им носеше директен пласман на шампионатот.

Шпанија квалификациите го освои првото место во Групата Ц со 27 бодови, Словачка освои 22 бодови, Украина – 19, Белорусија 11, а Луксембург и Македонија по 4 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП