20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусија на Еуро 2016, Шведска во баражот

Русија на Еуро 2016, Шведска во баражот

fud-fut

Фудбалската репрезентација на Русија во Москва ја совлада Црна Гора со 2-0 со што го потврди второто место во Групата Г и со тоа директниот пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Франција, додека Шведска со идентичен резултат беше подобра од Молдавија пласманот ќе го бара преку дополнителните квалификации.

Во Групата Г супериорно и поред последното коло го обезбеди Австрија без пораз. Интересно, Австријците во првото коло ремизираа на свој терен против Шведска (1-1), а потоа во низа забележа девет победи. Австрија само по вторпат ќе настапи на Европско првенство, а првиот пат не мораше да игра во квалификациите, бидејќи во 2008 година беше домаќин заедно со Швајцарија.

Во неделата Австрија го совлада Лихтенштајн со 3-0, со головите на Марко Арнаутович во 12 минута и Марк Јанков во 54 и 57 минута.

Иако на Русија ѝ беше неопходен и бод за пласман на Еуро 2016, „зборнаја“ рутински дојде до победата над Црна Гора. Победникот беше решен во првото полувреме, а стрелци беа Олег Кузмин во 33 и Александар Кокорин во 37 минута од еден сомнително досуден пенал. Во вториот дел Црногорците се обидоа да го нападнат голот на противникот, што им овозможи на Русите да создадат шанси за зголемување на водството, но резултатот до крајот остана непроменет.

Русите се квалификуваа патем сменувајќи го тренерот, откако на Фабио Капело по двата пораза од Австрија со по 0-1 и нерешениот резултат со Молдаваија (1-1) на домашен терен беше заменет од Леонид Слуцки.

Третото место во групата го освои Шведска и се пласираше во баражот, кога во последното коло ја совлада Молдавија со 2-0. На Швеѓаните им беа потребни покрај победата и кикс на Русите за да се пробијат на второто место. Стрелци за шведската селекција беа Златан Ибрахимовиќ во 24 и Еркан Зенгин во 48 минута.

Австрија го освои првото место со 28 бодови, Русија е втора со 20, а Шведска трета со 18 бодови, Црна Гора заврши како четврта со 11 бодовите, а Лихтенштајн освои 5 и Молдавија само 2 бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП