19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатерина Николоска на ЕК Џудо Дубровник 2015

Катерина Николоска на ЕК Џудо Дубровник 2015

katerina-nikolovska

Најдобриот македонски џудист, Катерина Николоска, која се наоѓа на подготовки во хрватски Сплит, во периодот 16/18 октомври ќе учествува на Европскиот Џудо Куп „Дубровник 2015“ во организација на Европската џудо унија.

Претходно, Катерина Николоска освои златен медал на „Дробета“ џудо купот во Романија, учествуваше на Европскиот куп во Белград и напорно се подготвуваше на престојните активности преку кои треба да обезбеди учество на Олимписките игри кои ќе се одржат следната година во Рио де Жанеиро:

Од Македонскиот олимписки комитет (МОК), како единствената институција во Македонија која во целост веќе две години ги финансира сите активности на нашиот најдобар џудист, што е потврдено од Меѓународната џудо федерација, изразуваат уверување дека Николовска ќе ги оправда овие „инвестиции“ од страна на МОК и дека, како резултат на нејзината макотрпна работа, добрите резултати наскоро ќе пристигнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП