10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска и Германија одат на Еуро 2016

Полска и Германија одат на Еуро 2016

pol-ger

Со идентични победи од по 2-1 на домашен терен против Ирска и Грузија, Полска односно актуелниот светски шампион Германија обезбедија учество на Европското фудбалско првенство во 2016 година, по последните мечеви од Групата Д.

Германија во Лајпциг потешко од очекуваното ја совлада Грузија, додека Полска пред 57.000 гледачи во Варшава во директниот меч за второто место во групата ја совлада Ирска. Ирците се трети, и ќе играат во баражот.

Германците со тешки маки стигнаа до победата од 2-1 и првото место во групата. Тие во првото полувреме упатија 16 удари кон противничкиот гол, но не успеаја да го пробијат грузискиот бункер. Првиот гол дојде дури во 50 минута откако Томас Милер реализираше пенал. Но само по три минути Грузија изедначи со голот на Јана Канкава. Сепак, Макс Круза во 79 минута спречи изненадување и победа на Германија.

Полска и Ирска последното коло го дочекаа бодовно изедначени и со резултат од првиот меч во Даблин од 1-1. Тоа значеше дека резултатите од 0-0 и 1-1 им го носи второто место на Полјаците, а 2-2 и секој друг нерешен резултат со повеќе голови ќе ја однесе Ирска на ЕП. Домаќините поведоа веќе во 13 минута со одличниот гол на Грегорж Кричовјак од речиси 25 метри, а по три минути од пенал изедначи Џон Волтерс, а во последните моменти од првото полувреме Роберт Левандовски ја доведе Полска во ново водство. Тоа беше негов 13-ти гол во квалификациите со што го изедначи рекордот на Дејвид Хили од Северна Ирска од квалификациите во 2008 година. Во продолжувањето Ирците настојуваа да изедначат, а Полјаците од контри да ја зголемат предноста, но повеќе немаше голови.

Во средбата без резултатско значење, Шкотска го совлада Гибралтар со 6-0. Гибралтар своите први квалификации ги заврши со десет порази и гол разлика 2-56.

Германија е прва со 22 бодови, Полска освои 21, Ирска – 18, Шкотска – 15 и Грузија – 9, додека Гибралтар остана без бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП