19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија очајна, поразена и од Украина

Македонија очајна, поразена и од Украина

makedonija-ukraina

Македонската фудбалска репрезентација во петок вечер доживеа пораз од 0:2 од Украина, во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Во исклучително досаден меч, двете репрезентации без некаква посебна идеја ја држеа топката на средината на теренот, без да организираат некоја посериозна акција.

Украинците дојдоа во водство од пенал во 59 минута, откако во шестнаесетникот со рака играше Леонард Жута, а судијата без размислување покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Јевен Селезњов.

По водството на Украинците, на теренот не се промени ништо. Македонските фудбалери и натаму без идеја за напад, а средниот ред воопшто и не постоеше, па така топката кон нападот ја префрлаа одбранбените фудбалери, а акциите на македонските фудбалери завршуваа на работ на гостинскиот шеснаесетник.

По една контра на Украинците во 85 минута Артем Кравец ги постави конечните 0:2.

Единствено вредно од овој натпревар е да се спомене дека голманот Томе Пачовски се прости од репрезентативната кариера.

Малубројната публика на арената „Филип Втори“ ги испрати македонските репрезентативци со свирежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП