23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп: Викајте ме The Normal One

Клоп: Викајте ме The Normal One

klop liverpulce

Јирген Клоп, кој во четвртокот, потпиша три ипол годишен договор со Ливерпул, ја одработи првата прес-конференција како менаџер на ’црвените’.

Поранешниот тренер на Борусија од Дортмунд се соочи со серија интересни прашања, меѓу кое и прашањето за прекарот. Имено кога го започна својот прв мандат на клупата на Челзи, Жозе Мурињо им порача на англиските новинари да го викаат The Spacial One.

„Мене можете да ме викате The Normal One“, порачал Клоп.

Она што најмногу ги интересира навивачите на Ливерпул е шампионската титула, која на Енфилд последен пат стигна во 1990 година.

„Ве молам за трпение, барам од вас време. Не сакам да кажам дека ќе мора да чекаме уште 20 години, се надевам дека во наредните четири сезони ќе ја освоиме титулата. Не сум волшебник и на правам чуда, барам само да ме оставите да работам“, рекол Клоп.

Германскиот тренер, исто така, нагласил дека Одборот за трансфери не бил проблем кога ја договарал соработката. Ливерпул е единствениот тим во Премиерлигата кој има Одбор за трансфери.

„Тоа беше проблем помалку од 10 секунди. Не сум идиот, мојата ќе биде прва и последна кога се во прашање трансферите“.

На крајот Клоп рекол нешто со што ќе ги ’купи’ фановите на Ливерпул.

„Јас сум фудбалски романтичар, сакам приказни, а Енфилд е едно од најдобрите места во светот на фудбалот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП