9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМОК обезбеди 36 илјади долари за Скијачката федерација

МОК обезбеди 36 илјади долари за Скијачката федерација

ristevski topurko001

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), договориле нова финансиска помош за најдобрите македонски алпски скијачи, во износ од почетни 36.000 американски долари.

Овие финансиски средства ќе бидат наменски искористени за подобрување на заедничките олимписки планови и програми на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) во насока на унапредување на резултатите на нашите најдобри алпски скијачи во предстојната натпреварувачка сезона.

Финансиската помош особено ќе помогне во реализација на амбициозната програма “ЗОИ Пјонгчанг 2018“ на СФМ односно на селекторот Иван Лесевски и олимпискиот стипендист, Антонио Ристевски кој на ЗОИ во Сочи го освои 29-то место во слалом, што воедно е најдобар резултат во досегашните настапи на македонските спортисти на ЗОИ и воопшто во историјата на македонските зимски спортови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП