2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдеми се лечел без знаење на клупските доктори

Адеми се лечел без знаење на клупските доктори

адемиадеми

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е соочен со двегодишна суспензија од УЕФА, откако негвиот допинг тест направен по натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Динамо и Арсенал, бил позитивен.

Адеми, кој непријатната вест ја дозна на подготвките на македонската репрезентација, веднаш го напушти Скопје и се врати во Загреб, каде му е направен нов тест и доколку и Б наодот биде позитивен, тогаш се соочува со суспнезија.

Неговиот клуб Динамо Загреб нема да сноси никакви последици, односно ќе му останат бодовите кои на теренот ги освои против Арсенал.

Како што пренесува jutarnji.hr, по мечот со Арсенал, покрај Адеми на допинг контрола бил повикан и голманот на Динамо, Иво Пинто, чиј тест е негативен.

Поради ова од Динамо се убедени дека позитивниот тест на Адеми е предизвикан од супстанца која тој не ја добил од клупските лекари.

Проблематично е тоа што Адеми, кој во август имаше повреда на колкот и поради која ги пропушти двете плејоф средби против Скендернег во ЛШ, не бил цело време под надзор на клупските лекари.

Според jutarnji.hr, тој извесен период бил со македонската репрезентација, која во септември се подготвуваше за мечот со Шпанија, а наводно лекарскиот тим на македонската репрезентација му препорачал одредени лекови.

Исто така, тој имал голема желба да игра против Арсенал во првото коло во ЛШ, па сам побарал помош од некој доктор од Сплит.

Дали Адеми послушал некој од тие совети не е познато, но познато е дека тестот покажал дека тој во организмот имал стероид кој може да се пронајде во стотина суперелементи и кој е забранет од УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП