18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕквадор ја сруши Аргентина, Бразил падна во Чилe

Еквадор ја сруши Аргентина, Бразил падна во Чилe

Brazil's Willian, left, is taken down by Chile's Marcelo Diaz during a 2018 Russia World Cup qualifying soccer match in Santiago, Chile, Thursday, Oct. 8, 2015. (AP Photo/Martin Mejia)

Со шокантни резултати започнаа јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија кое ќе се одржи во 2018-та година. Најголемите фаворити во квалификацискиот циклус, Бразил и Аргентина, стартуваа со порази.

Актуелниот шампион на Јужна Америка, селекцијата на Чиле, во дербито на првото коло со 2:0 славеше над Бразил. Чилеанците со головите на Варгас и Алекси Санчез ги казнија промашувањата на Хулк, Оскар, Даглас Коста и Вилијан.

Еквадор приреди вистинска сензација со триумфот во Аргентина од 2:0. Аргентинците играа без Лео Меси, а Кун Агуеро играта ја напушти во 24-та минута поради повреда. Нападот на ’гаучосите’ го предводеа Ди Марија, Тевез и Кореа, но од 15-те удари кон противничкиот гол не погодија ниту еднаш.

Казната ги стигна во 81-ва и 82-ра минута кога Еразо и Каиседо ги постигнаа головите.

Венецуела загуби од Парагвај со 0:1, а стрелец на голот беше Гонзалес на шест минути до крајот на мечот.

Колумбија славеше над Перу со 2:0, со головите на Тео Гутиерез и Кардона, а Уругвај со истиот резултат победи во Боливија. Дефанзивците Касерес и Годин беа стрелци за Уругвај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП