20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатиќ: Не сакавме да бидеме кловнови на забавата

Матиќ: Не сакавме да бидеме кловнови на забавата

klovnovi

Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Немања Матиќ, рекол дека тој и неговите соиграчи не сакале да бидат „кловнови на забавата“ на Албанците и дека неговиот тим заслужено победил.

Србија, во Eлбасан во четвтокот, ја совлада Албанија со головите на Kоларов и Љајиќ постигнати во судиското надополнување на времето.

„Тие славеа и пред да почне натпреварот, а ние не сакавме да бидеме кловнови на нивната забава. На крајот пресуди нашиот квалитет и заслужено победивме“, им изјавил Матиќ на новинарите во Елбасан.

„Не беше воопшто лесно, бевме под голем притисок, тоа беше забележливо на почетокот. Драго ми е што успеавме да ја вратиме верата во нашиот фудбал. Покажавме зрелост, вака треба да продолжиме во иднина“, дополнил фудбалерот на Челзи кој поради повреда предвреме го заврши мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП