5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСеверна Ирска и Португалија одат на ЕП

Северна Ирска и Португалија одат на ЕП

пор-ирс

Фудбалските репрезентации на Португалија и Северна Ирска изборија пласман на Европското првенство кое наредното лето ќе се игра во Франција.

Португалија и Северна Ирска им се приклучија на Исланд, Чешка, Англија и Австрија кои претходно го осигураа настапот на континеталното првенство.

Португалија во Групата И славеше со голот на Жоао Мутињо над Данска и го обезбеди првото место во групата. За втората позиција се борат Данска и Албанија, Данците со 12 бодови ги завршија квалификациите, додека Албанците имаат 11 бодови и во недела ќе гостуваат во Ерменија. Албанија само со победа во Ереван ќе избори директен пласман на ЕП, во споритвно ќе игра во баражот, додека Северна Ирска, во Групата Ф, со триумфот на Грција од 3:1, го оствари најголемиот успех во својата фудбалска историја. Дејвис ги постигна првите два гола за Ирците, потоа Магенис зголеми на 3:0, а Аравидис во 87.минута го постигна почесниот гол за Грција.

Во оваа група за второто место ќе се борат Романија и Унгарија. Романците во финишот стигнаа до бод против Финска, додека Унгарците со пресверт славеа над Фарските острови.

Интересен расплетот ќе биде и во Групата Д, каде Република Ирска, во претпоследното коло, славеше над светскиот првсак Германија со голот на Шејн Лонг, а Шкотска и Полска одиграа 2:2.

Во пресрет на последното коло Германија има 19 бодови, а Полска и Ирска по 18. На Германците им е потребен бод во последниот меч против Грузија, додека Полска и Ирска во меѓуебниот дуел ќе решат која ќе биде втората селекција од оваа група која директно ќе патува во Франција.

Резултати:

Група Д:

Грузија-Гибралтар 4:0

(Ватсадзе 30, 45, Окриашвили 35, Казашвили 87)

Ирска-Германија 1:0

(Лонг 70)

Шкотска-Полска 2:2

Ричи 45, Флечер 62-Левандовски 3, 95)

Група Ф:

Романија-Финска 1:1

(Хобан 91-Похјанпало 67)

Северна Ирска-Грција 3:1

(Дејвис 35, 58, Магенис 49-Аравидис 87)

Унгарија-Фарски острови 2:1

(Боде 63, 71-Јакобсен 11)

Група И:

Португалија-Данска 1:0

(Мутињо 66)

Албанија-Србија 0:2

(Коларов 91, Љајиќ 94).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП