26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбија за три минути го замолкна Елбасан

Србија за три минути го замолкна Елбасан

србија-лабанија

Србија ја совлада Албанија со 2:0 во Елбасан, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Србите до победата стигнаа во самиот финиш, со головите на Коларов и Љајиќ постигнати во 91. и 94.минута од натпреварот.

Натпреварот кој поради ривалитетот меѓу двете држави и скандалот кој се случи на првиот меч помеѓу овие две репрезентации во Белград, беше во центарот на вниманието на светска јавност.

Сепак, со исклучок на инцидентот во четвртокот, кога во Тирана беше каменуван автобусот во кој беа српските репрезентативци, свирежите со кои беше испратена српската химна и повремените скандирања „УЧК“, мечот на теренот мина во коректна атмосфера, за што голема заслуга има и Италијанецот Нокола Рицоли кој брилијантно го судеше натпреварот.

На теренот двете репрезентации не пружија речиси ништо, Албанците на кои им одговараше и нерешен резултат беа дефанзивно оријентирани, додека Србите ја имаа контролата врз топката, но без идеа како да стигнат до голот на Бериша.

За 90 минути со исклучок на головите речиси и да немаше сериозна шанса за постигнување на гол. Интересно единствените удари во рамките на голот кои ги уптаи Србија беа последните два со кои ја извојуваа победата.

Албанија најдобрата шанса ја имаше во 76.минута кога ударот на Аголи српскиот голман Стојковиќ го одби во корнер.

Србите мечот го завршија без двајцата најважни играчи, Ивановиќ и Матиќ, фудбалерите на Челзи поради повреди без извадени од игра.

Во судиското надополнување на времето најпрвин Коларов по асистенцијата на Љајиќ го совлада Бериша, а потоа новиот играч на Интер, Љајиќ на маестрален начин ја заврши својата соло кација, откако успеа да претрча 60-тина метри.

Во последното коло од групата, во недела, Србија ќе ја пречека Португалија, а Албанија ќе гостува во Ерменија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП