14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА парично ги казни Челзи и Арсенал

ФА парично ги казни Челзи и Арсенал

celzi-arsenal

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ги казни премиерлигашите Челзи и Арсенал со вкупно 70.000 фунти поради неспортското однесување на играчите на меѓусебниот дуел.

Лондонските клубови се казнети бидејќи „не успеале да обезбедат спортско однесување на своите играчи“, соопшти ФА. Челзи и Арсенал натпреварот го одиграа на 19.септември, а истиот заврши со победа на ‘сините’ од 2:0.

Челзи е казнет со 40.000 фунти, а Арсенал со 30.000 фунти, поради инцедентите кои се случија во периодот од 44. до 47.минута.

Судијата Мајк Дин во финишот на првото полувреме го исклучи дефанзивецот на Арсенал Габриел Паулиста по инцидентот со Диего Коста, а кон крајот на мечот поради два жолти картони, црвен доби и Санти Казорла.

ФА откако ја прегледа сниката од инцидентот му го поништи црвениот картон на Паулиста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП