9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ: Имаме мотив, ќе ни треба и малку среќа за победа над...

Друловиќ: Имаме мотив, ќе ни треба и малку среќа за победа над Украина

drulovik

Фудбалската репрезентација на Македонија, во петок, ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Противник на македонските фудбалери ќе биде селекцијата на Украина која во пресрет на последните две кола сè уште има шанси за пласман на една од првите две позиции кои директно водат на ЕП во Франција.

Македонските фудбалери за разлика од украинските немаат никави шанси за пласман на ЕП, на мечот со Украина тие ќе се обидат да го повторат изданието против Шпанија и да забележат позитивен резултат.

„Украина сè уште има шанси да се пласира директно на ЕП, сигурно е дека овде ќе дојдат максимално мотивирани и ќе се обидат да ги освојат бодовите. Можеби на хартија се фаворити, но ние сме максимално подготвени и мотивирани да го повториме она што го одигравме против Шпанија, кога не бевме задоволни само од резултатот. Се надевам дека против Украина резултатот ќе биде на наша страна“, рече на прес конференцијата македонскиот селектор Љубинко Друловиќ.

Предводникот на ’црвено-жолтите’ предупредува дека Украинците се исклучително опасни во воздушните дуели, а кога станува збор за составот кој ќе го започне мечот дополнителен проблем му направи суспензијата која УЕФА му ја изрече на Аријан Адеми.

„Имам една или две дилеми кои ќе ги решам во овие два дена. Но важни се сите играчи и тие кои ќе го започнат натпреварот и тие кои ќе влезат од клупата. Повторувам важно е да одиграме како што игравме против Шпанија. Штета што некои играчи не можат да играат, Глигоров е повреден, а сега се случи и сето ова со Адеми. Сигурно е дека кога ќе загубите играч кој е носител на играта е тешко, но убеден сум дека кој и да го замени дека ќе ја оправда довербата. За таа позиција имам една до две солуции“.

Носители на играта на оваа украинска селекција се крилните напаѓачи Јермоленко и Конопљанка, доколку македонските дефанзивци успеат нив да ги запрат тогаш значително ќе се зголемат шансите за добар резултат.

„Сигурно е дека најголемата опасност ќе доаѓа од Јармоленко и Конопљанка, а од она што го прочитав во украинскиот печат Селезњов ќе игра во шпицот на нападот. Сепак Украина е добра репрезентација составена од фудбалери кои редовно играат во Лигата на шампионите или Лига Европа. Доколку ги затвориме Јармоленко и Конопљанка шансите за позитивен резултат се многу поголеми“, рече дефанзивецот Ванче Шиков кој добар дел од кариерата мина во украинскиот шампионат.

Добар резултат дава можност Македонија да се помести од последното место на табелата во квалификациската група, тоа е фактот што дополнително ги мотивира репрезентативците.

„Не треба да се бара мотивација кога се игра за националниот тим. Наша главна цел е да го дадеме најдоброто од себе за да го избегнеме последното место на табелата, кое мислам дека не го заслужуваме, но сепак тоа ќе треба да го покажеме и на теренот“, вели репрезентативецот од Работнички Милован Петровиќ.

Дуелот помеѓу Македонија и Украина, од претпоследното коло во Ц групата, ќе се одигра в петок (20.45 ч.) на Националната арена „Филип Втори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП