18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРепрезентативците и ФФМ со поддршка за Адеми

Репрезентативците и ФФМ со поддршка за Адеми

ademi 98

Репрезентативците на Македонија, селекторот Љубинко Друловиќ и Фудбалската федерација на Македонија, на прес конференцијата во пресрет на мечот со Украина ја искорситија за да упатат поддршка до Аријан Адеми, кој во средата доби известување од УЕФА дека е суспндиран поради позитивен допинг тест.

Адеми бил позитивен на допинг, на контролата која била направена по натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Динамо Загреб и Арсенал (2:1).

„Фудбалската репрезентација на Македонија и целиот состав на А репрезентацијата му изразува целосна поддршка на Адеми. Тој е фудбалер кој во изминатиов период ги потврди своите човечки и спортски вредности секогаш ставајќи се во функција на репрезентацијата како вистински професионалец. До завршувањето на постапката која УЕФА ја отвори во средата ФФМ нема да го кометира овој случај“, рече на пресот портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Инаку доколку и Б наодот на Адеми биде позитивен тогаш му се заканува суспензија од една или две години, додека УЕФА информираше дека резултатот од натпреватот Динамо-Арсенал останува ист, иако од лондонскиот тим побараа на Динамо да му биде одземена победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП