19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведена последната верзија од моделот Lancer Evolution

Произведена последната верзија од моделот Lancer Evolution

final edition 002

„Mitsubishi“ ги откри деталите за прошталната верзија на седанот „Lancer Evolution“. Таа ќе се вика „Final Edition“ и од неа ќе бидат пуштени само 1.600 примероци.

Во основата на модификација е верзијата „GSR“ на моделот „Lancer Evo X“, која е изложена на дополнителна, како надворешна, така и внатрешна доработка. Моќноста на моторот е зголемена до 307 КС, а вртежниот момент се зголеми на 413,5 Nm.

Менувачот останува 5-брзински мануелен, го задржува и системот за погон на четири тркала „S-AWC“. Тој овозможува моќта да се дистрибуира меѓу секое едно од тркалата.

Седанот „Lancer Evo X Final Edition“ е опремен уште со лесни сопирачки механизми „Brembo“, пружини „Eibach“ и амортизери „Bilstein“. Моделот ќе се нуди во 4 бои – бела, сива, црвена и сина.

Во кабината на „Final Edition“ исто така ќе бидат поставени дополнителни елементи за докажување на припадноста кон специјалната серија. Меѓу нив ќе биде и специјална плакета со серискиот број на возилото во прошталната серија.

Цените на овој автомобил ќе стартуваат од 37.995 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП