6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1 ќе добие нови сопственици

Ф1 ќе добие нови сопственици

formula-1000

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, открил дека првенството до крајот на годината ќе добие нови сопственици. Тој истакнал дека во овој момент постојат тројца сериозни кандидати кои се заинтересирани да го откупат мнозинскиот пакет аккции.

Најголем дел од акциите во Формула 1 – 35,5 отсто, во овој момент поседува компанијата „CVC Capital Parters“, додека Еклстон поседува 5,3 отсто, а фондот кој е наменет за неговите деца 8,5 отсто од акциите.

Удел во шампионатот имаат уште неколку помали акционери, а Еклстон објави дека, набргу голем број од акциите ќе биде слободни за сите оние кои сакаат да ги купат.

Одговарајќи на новинарско прашање кога би требало да биде извршена продажбата на акциите, Еклстон рекол дека очекува целата операција да заврши до крајот на годината.

Инаку, во јуни оваа година се шпекулираше дека сопствениците на Мајами, екипа која се натпреварува во американската NFL лига, имаат намера да го купат мнозинскиот пакет акции, а исто така како потенцијален купувач се споменуваше и еден од најбогатите луѓе на светот Џон Малоун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП