26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарловиќ крал на ас сервисите

Карловиќ крал на ас сервисите

BNP Paribas Open

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ постави нов светски рекорд по бројот на ас сервиси. Карловиќ на мечот со Уругваецот Пабло Куевас имаше 26 неодбранливи сервиси, со што стигна до бројката од 10.247 ас сервиси во кариерата.

На вечната листа Карловиќ го престигна сонародникот Горан Иванишевиќ кој кариерата ја заврши со 10.237 ас сервиси.

Иако постигна светски рекорд, Карловиќ го заврши својот настап на турнирот во Пекинг, откако во осминафиналето Куевас славеше со 7:6 (7:5), 7:6 (9:7).

Куевас во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Давид Гофан и Фабио Фоњини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП