9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА го суспендира Аријан Адеми поради позитивен допинг тест

УЕФА го суспендира Аријан Адеми поради позитивен допинг тест

_85965922_arijanademi_getty

Фудбалерот на Динамо од Загреб и репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, бил позитивен на допинг тестот по натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Арсенал (2:1), одигран на 16.септември.

УЕФА го суспендираше Адеми, кој како што обајави Фудбалската федерација на Македонија, веднаш ги напуштил подготовките на репрезентацијата.

„Официјално ги примивме резултатите од допинг контролата по натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Арсенал, во кои стои дека нашиот играч Аријан Адеми бил позитивен на допинг тест и против него УЕФА отвора постапка. Според правилата на УЕФА, ФК Динамо не смее да дава коментари додека трае дисциплинската постапка и додека не биде готов наодот од Б контролата. Аријан Адеми во последната година шест пати беше тестиран и секој пат наодот беше негативен. Исто така играчите од почетокот на сезоната повеќепати беа тестирани од страна на УЕФА и хрватската антидопинг агенција и наодите секогаш беа негативни. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ги известиме навивачите и јавноста“, стои во соопштението од ФК Динамо Загреб чии капитен е Адеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП