ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките загубија од Црна Гора

Ракометарките загубија од Црна Гора

zenska-rakometna-reprezentacija

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонија, во средата во Бар, загуби од фаворизираната селекција на Црна Гора со 21:14.

Подмладената македонската репрезентација успеа да му пружи отпор на фаворитот но во ниту еден момент немаше помала негатива од два гола.

Елена Ѓеоргиевска со четири гола беше најефикасна во македонската репрезентација, додека Црна Гора ја предводеше Катарина Булатовиќ со шест голови.

Македонските ракометарки, во второто коло кое на програмата е во сабота, во Скопје, ќе ја пречекаат селекцијата на Хрватска.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП