26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Ѓокиќ замина од Металац

АБА лига: Ѓокиќ замина од Металац

vladimir-gjokik

Владимир Ѓокиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Металац, откако си поднесе оставка по убедливиот пораз од Игокеа (74:56), во рамките на третото коло во АБА лигата.

„Влечев погрешни потези при изборот на одредени играчи и при трансферите на новите играчи. Не пресеков кога тоа беше логично да се направи, се надевав дека се ќе дојде на свое место. Тоа не се случи. Поразите во Скопје и овој против Игокеа се последица на срамни игри и јас повеќе не гледам што може да се направи со оваа екипа“, рекол Ѓокиќ.

Минатата сезона Металац дебитираше во АБА лигата и Ѓокиќ сезоната ја заврши со скор од 13 победи и исто толку порази. Во текот на летото тој како селекторот на репрезентацијата на Србија до 20 години го освои златниот медал на Европското првенство.

Металац во наредното коло, за четири дена, ќе гостува во Никшиќ кај Сутјеска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП