Одличниот крилен напаѓач на Борусија Дортмунд, Марио Гетце ги остави отворени сите можности за заминување од актуелниот шампион на Германија.
За германскиот репрезентативец меѓу останатите заинтересирани се и двата најдобри шпански тима, Реал Мадрид и Барселона, но и англиските великани.
„Клубови како што се Реал, Барса, Манчестер Јунајтед се многу атрактивни и играњето на највисоко ниво во најдобрите лиги би ми помогнало дополнително да се развијам. Ги оставив сите можности отворени“, изјави Гетце.
Фудбалерот на Борусија сепак истакнува дека е среќен во Дортмунд и дека не резмислува многу за неговото заминување.
„Јас сум воодушевен како стојат работите моментално. Се друго во моментов не е толку важно, не размислувам многу за тоа затоа што сум среќен во Германија“, истакнува играчот на Борусија.
Гетце ја игра својата четврта професионална сезона, а во неа на 36 натпревари постигна 14 голови за Борусија.