27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.10.2015

Дневен хороскоп 07.10.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во однос на работата денешниот ден ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Преиспитајте се добро. Започнете со физички активности, вашето здравје има потреба од тоа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Добриот аспект помеѓу Месечината и Сатурн поволно се одразува на вашите финансии и на можноста за склучување на договор со странци. Подготвени сте со некој да преговарате и да направите компромис. Многу сте практични и не сакате да ги пропуштите добрите шанси инсистирајќи на нешто што не е во ваш интерес.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многумина се потпираат на вас и се обидуваат со ласкање да ви дадат на знаење дека очекуваат од вас да го завршите и нивниот дел од работата бидејќи вие во тоа сте поискусни. Се однесувате прилично тврдоглави, иако изгледате мирно всушност се обидувате на другите да им го наметнете вашиот став. Сакате да ја обновите соработката со некој кој би можел да ви биде од голема корист.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или пак децата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури. Некој предлог од пријател може да ве разочара.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и подруштвени. Одлично ви се аспектирани подолготрајните работи, а вашиот статус во работата станува се постабилен, но сеуште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате. Бидете трпеливи и задоволете се со тоа што вашата околина почна да ве разбира.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Речиси цел ден ќе го поминете во пријатни дружења со пријателите и вашите блиски. Освен тоа што ќе се забавувате во некои необврзувачки разговори би можеле да слушнете и некои информации кои добро ќе ви дојдат за во иднина. Ви претстои прекрасно изненадување кое ќе ви донесе голема среќа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за авторитет декретите на власт. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја мистериозна порака.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Обидете се да не бидете површни и кога ги донесувате одлуките, не се раководете само според срцето туку помислете и на разумот. Ќе мора да се прилагодите на условите кои владеат во компанијата или домот ако сакате да ги избегнете расправиите. Ќе добиете можност да го покажете својот талент на некој поголем собир. Вашата импулсивност може да биде проблем во комуникацијата со некоја Водолија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП